qualcom-toq

Qualcomm е име генерално препознатливо на луѓето кои имаат навика да ги читаат техничките спецификации на ново излезените Smart телефони. Како компанија која се специјализира во производство и дизајн на процесори – не зачуди тоа што дознавме дека Qualcomm сега излегува и со сопствен Smart Watch производ.

За оние кои не знаат, Smart Watch е нова категорија на производи за која се очекува да стане длабок дел од нашиот животен стил во иднината – како што тоа стана случајот со Smart телефоните во последниве години. Визијата е дека можеме да имаме цела категорија на електронски уреди кои се носат на рака налик рачен часовник и ни даваат лесен, брз и ефикасен пристап спрема нашиот дигитален свет. NextMarket Insights предвидува дека до 2020 година ќе бидат продадени 300-400 милиони паметни часовници низ светот.

watch_slide_1_2

Идејата е дека овој “паметен часовник” е секогаш или директно врзан со интернет или пак со некој од нашите други електронски уреди, на пример поврзан со нашиот Smart телефон, па така можеме од овој “часовник” да го контролираме истиот, дигиталниот ТВ приемник или што и да било – можностите се неограничени.

Откако се откри дека Apple со години експериментирал со и патентирал најразлични Smart Watch технологии, а и Microsoft и Samsung инвестираа во категоријата – стана јасно дека овој тренд можеби е нешто повеќе од футуристичка фама.

Часовникот на Qualcomm е само експериментален производ

Smart Watch производот на Qualcomm ќе се продава само во САД под името Qualcomm Toq, а компанијата нагласи дека немаат сериозна намера да навлезат во овој пазар. Овој производ е дизајниран само како интересен начин да се демонстрираат најновите технологии и иновации.

Најинтересната од овие иновации може да се согледа во фактот што овој часовник има Mirasol екран во боја кој е постојано вклучен, а и покрај тоа батеријата држи неколку дена. Ова е особено иновативно во споредба со актуелно достапните паметни часовници кои најчесто користат лед технологија, а нивниот екран се вклучува само при употреба – како што е случајот со Samsung Galaxy часовникот. Sony Smartwatch 2 има лед екран кој е постојано вклучен, но единствено е употреблив кога се користи во светла средина, инаку треба корисникот додатно да го вклучи осветлувањето за екранот.

Единствената друга интересна функција на Qualcomm Toq е и тоа што може да се полни без употреба на кабли – едноставно се поставува врз базата со која доаѓа.

clock_charging

Покрај екранот и безжичното полнење, овој производ не е особено возбудлив. Единствено дозволува да се прифаќаат или одбиваат повици од поврзан андроид уред, да се читаат и одговараат SMS пораки и да се контролира музиката на поврзаниот андроид уред.

Иако овој производ нема никогаш да биде достапен во Македонија, сепак е интересно да се погледнат неговите карактеристики да би се добила претстава како би можеле да изгледаат идните паметни часовници од компании како Apple, Samsung и Sony – производи кои секако очекуваме да бидат достапни и кај нас. Соодветно на тоа можеме да се надеваме дека паметните часовници во иднина во најмала рака ќе користат безжично полнење и Mirasol технологија за своите екрани.

http://www.youtube.com/watch?v=YzTrqifCOhs

Претходна статијаСега секој може да креира игри – Project Spark конечно во бета
Следна статијаViber достапен за Windows 8