LG за време на годинешниот саем за технологија, IFA 2020, претстави прочистувач за воздух „сместен“ во маска, замислен да се носи од страна на луѓето во регионите каде има проблем со големо загадување на воздухот.

Оваа маска, односно пренослив прочистувач за воздухот, е под брендот PuriCare кој компанијата го користи за нивните прочистувачи за домовите.

LG PuriCare Wearable Air Purifier маската работи на батерија, вклучува мали вентилатори кои работат со неколку брзини, а тука е и клучниот дел, H13 HEPA филтрите кои го прават прочистувањето на воздухот, блокирајќи 99,95% од честичките.

Иако делува како да овој производ мора да е инспириран од годинешната корона криза, сепак LG не го споменува тоа, а проблем со загаден воздух постои одамна и веруваме дека сепак намената на оваа маска е повеќе за тоа.

Целта на носењето на маски поради корона вирусот е повеќе поврзана со заштита на другите, колку што е за себе, па не се препорачуваат маски кои маат филтри, а со тоа и не го спречуваат издишувањето од страна на тој што ја носи маската.

PuriCare Wearable Air Purifier LG ќе го продава во ограничен број на пазари, а штета што ние најверојатно нема да бидеме дел од тоа, барем не на почеток.

Маската се поврзува со мобилната апликација од LG со што корисниците секогаш ќе бидат информирани дали е време за промена на филтрите. Исто така, маската доаѓа со посебна кутија која ја дезинфицира преку УФ светилки, а исто така ја суши малата влага која се создава од дишењето на корисникот.

Брзината на вентилаторите зависи од дишењето на корисникот, а сензор одредува кој од достапните 3 брзини треба да биде пуштена.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2LG
Претходна статијаПет години Magenta 1 – прославата продолжува со промотивен HBO пакет
Следна статијаНеофицијалните информации го најавуваат претставувањето на Galaxy S21 на 14-ти јануари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.