Nest паметниот термостат е убедливо најуспешен на пазарот. Се работи за производ кој може да ја контролира температурата во вашиот дом преку апликација на вашиот паметен телефон, но може да се користи и за многу други работи во домот, како на пример детектори на чад, сигурносни системи итн.

Наскоро, Google треба да ја претстави втората генерација на Nest термостатот, од која веќе имаме и фотографија, благодарение на кој друг ако не Evan Blass на твитер. На неа може да се види пофутуристички и минималистички дизајн, кој ќе изгледа уште подобро во модерните домови на помладите купувачи, но изработен од пластика, што за оние кои бараат максимален квалитет може да биде и пречка во купувањето.

Според најавите, новиот Nest ќе биде и поевтин од актуелниот модел – во моментов, цената е главна пречка за негов поголем успех на пазарот. Сепак, најавена е цена пониска за 50 долари, што и натаму се чини не е доволно за да допре до пошироката публика – актуелниот модел чини 250 долари.

И покрај тоа што веќе имаме фотографија за новиот Nest, сѐ уште нема официјална информација за тоа кога Google официјално ќе го претстави пред јавноста, иако се шпекулира за почетокот на наредната година. Знаејќи го Google, тоа би можело да се случи и многу тивко, со промоција само на интернет преку класична ПР објава.

Извор: TechnoBuffalo, BGR, Engadget

Претходна статијаFacebook поднел патент за очила за проширена реалност
Следна статијаГугл тестира „олеснета“ Search апликација која користи минимален интернет сообраќај