Fetch_Keychain

HTC Fetch е приврзок кој го ставате на вашите клучеви или на било што друго за кое би нашле намена. Се поврзува со вашиот HTC мобилен телефон преку Bluetooth 4.0 и служи за пронаоѓање на телефонот во ситуациите кога не може да се сетите каде го имате оставено. Уредот има само едно копче и кога ќе го притиснете се вклучува мелодијата на мобилниот. Поради поврзувањето преку Bluetooth, уредот може да работи најмногу до 15 метри оддалеченост, а и тоа варира зависно од околината.

Fetch може да го користите за пронаоѓање на други работи, на пример, доколку не може да ги најдете клучевите на кои што е прикачен, преку апликацијата на мобилниот може да направите тој да почне да пушта звук, па така да го пронајдете. Се разбира може да го поставите на се што мислите дека може да го изгубите.

Исто така овој уред има можност да го наместите да титка доколку се изгуби конекцијата со мобилниот, па доколку го оставите мобилниот дома или во кола при излегување, истиот ве потсетува да го земете. Доколку некогаш ги изгубите и Fetch и мобилниот телефон, може да ги наместите да добивате нотификации преку email со последните локации каде што биле меѓусебно поврзани.

Димензиите на Fetch се 29.35 x 29.35 x 9.3mm и работи на батерија која што според HTC ќе издржи до 6 месеци, после што ја менувате со нова. Уредот е компатибилен со следните модели на HTC: One mini, Butterfly, One max.

Претходна статијаСпредба на новиот Nexus 5 со популарниот Samsung Galaxy S4
Следна статијаGoogle Chrome ќе блокира симнување на малициозен софтвер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.