Можеби името PonoPlayer ви звучи смешно, но мој совет е да го запомните добро затоа што се работи за MР3 плеер кој ветува дека ќе внесе свежина во „подзаспаниот“ пазар на MP3 уреди.

PonoPlayer всушност претставува само една половина од проектот PonoMusic кој можете да го најдете и финансирате на Kickstarter. Според основачот Нил Јанг, целта е да му дозволите на споменатиот MP3 плеер „да ве внесе и изгуби во светот на музиката“.

Овој музички уред има дизајн кој дефинитивно нема да го најдете секаде. Со должина од 12.5 см и ширина од 5 см, јасно е дека се работи за мал плеер кој би го носеле насекаде со вас.

 

 

Но, она што е најважно кај еден MP3 плеер е музиката што ја репродуцира. Во случајот на PonoPlayer, најавено е дека уредот ќе може да репродуцира музика што припаѓа на еден од следните формати: FLAC, ALAC, MP3, WAV, AIFF, и AAC; Со други зборови, формати кои се застапени и кај мнозинството останати MP3 плеери. Сепак, од самиот звук се очекува да биде во висока резолуција (24-bit/192kHz), што би требало да наиде на одобрување од оние кои не можат денот да си го замислат без доза музика.

Веќе спомнав дека PonoPlayer е мал уред, но тоа не значи дека на него нема да можете да зачувате многу музички фајлови. Напротив, плеерот има внатрешна меморија од 64GB, со слот за microSD картица до 64GB. Верувам дека 128GB е и повеќе од доволен простор за сите ваши музички желби.

Вреди да се напомене и дека PonoPlayer ќе се појави на пазарот со екран на допир, како и со можност за микро-УСБ конекција со PC и Mac конфигурации. Со помош на конекцијата ќе можете да симнувате дополнителни песни од онлајн продавницата, како и да ги организирате песните што веќе ги имате.

PonoPlayer може да се нарача во црна и жолта варијанта, но тука е и ограничениот модел кој би ве чинел 400 долари и кој доаѓа со потписи од неговите основачи. Независно од опцијата за која ќе се одлучите, ќе треба да се воздржите до октомври годинава, кога проектот PonoMusic и официјално ќе биде завршен.

[related_posts_by_tax title=”Може ќе ви се допаднат и овие статии”]

Претходна статијаСпоредба на новиот HTC One (M8) со Galaxy S5 и Xperia Z2
Следна статијаПаметна светилка од LG, може да се контролира од паметните телефони