Shutterstock.com

Wear OS, изменетата верзија на Android наменета за паметните часовници, во својата најнова верзија ќе почне да ги потсетува своите корисници да ги мијат рацете. Известувањето ќе се случува на секои три часа, а целта е да корисниците се навикнат да ги мијат рацете што повеќе и со тоа да ја намалат шансата од добивање на COVID-19.

По добивањето на известувањето, корисниците ќе можат да започнат „тајмер“ од 40 секунди којшто ќе треба да биде еден вид на гаранција дека миењето ќе биде најмалку 20 секунди, колку што се препорачува за детално чистење.

Покрај тоа, корисниците ќе им биде кажано да користат сапун, за да не мислат дека истата работа ќе можат да ја завршат само со користење на гел за дезинфекција или нешто слично.

Ова известување корисниците ќе можат да го исклучат, односно нема да продолжи да им се прикажува на тие кои не сакаат.

Android Police
ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаPlay Store ќе добие дел за апликации за деца кои се одобрени од наставници
Следна статијаАкција “Биди супер-херој, почитувај ги мерките за заштита!” во Штип
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.