c06bb6b2aa260b8cd895fa27d5905096_original

3D принтерите, кои можат да испечатат секакви 3D форми, стануваат се попопуларни и тоа пред се благодарение на се’ пониската цена, благодарение на која полека го наоѓаат патот кон приватните корисници. OLO 3D е нова Kickstarter кампања, која ќе ја симне цената на фантастични 99 долари, а нивниот 3D принтер ќе работи заедно со вашиот паметен телефон.

Идејата зад овој 3D принтер е да го користи светлото од дисплејот на паметниот телефон за да го зацврсти фото-полимерниот материјал од кој се прават предметите. Поточно, паметниот телефон се става во самиот 3D принтер и белата светлина од неговиот дисплеј константно го осветлува предметот додека тој се принта, зацврстувајќи во секој слој.

OLO има и посебна апликација на која ќе може всушност да ги видите вашите 3D предмети пред тие да се испечатат. Од стартапот планираат и социјална интеграција, односно можност за споделување на најразлични дизајни на социјалните мрежи.

3D принтерот на OLO инаку работи со четири ААА батерии, кои се доволни за околу 100 принтови, зависно од големината. Уредот е и исклучително едноставен и изработен од само 7 делови, еден чип и еден мал електромотор. OLO може да работи со секаков вид на паметни телефони, независно од големината, односно може да прими и многу големи паметни телефони, како на пример Galaxy Note 5 или iPhone 6S.

OLO веќе ја надмина почетната сума на Kickstarter кампањата од 80.000 долари, односно досега веќе има собрано 650.000 долари. Ова значи дека уредот би требало наскоро да може и да го купиме, а од OLO велат дека тоа ќе се случи во септември оваа година.

Извор: IFL Science, OLO3d, Kickstarter

Претходна статијаAndroid N ќе поддржува „3D Touch“ технологија
Следна статијаЧетвртиот Codefest Marathon заврши со прогласување на најдобрите тимови