Според сите неофицијални информации, одложувањето на Surface Neo и Windows 10X за идната година, не значи и одложување на Surface Duo, телефонот од Microsoft со два екрани кои се преклопуваат и кој работи на Android.

Овој телефон се очекува да биде претставен оваа година, а според некои истото може да се случи и пред претставувањето на Galaxy Z Fold2 од Samsung, иако тоа сега некако делува нереално, со оглед дека настанот на Samsung е закажан за идната среда.

Како и да е, иако Surface Duo не доаѓа со еден екран кој се превиткува, сепак ќе претставува до некаде конкуренција на таквите уреди, поради неговата можност да се користи како мобилен телефон, па да се отвори и да се користи во друг формат. Според некои, до напредокот на технологијата за свитливи екрани, ова е одлична алтернатива.

Дека Microsoft планира наскоро да го пушти овој телефон во продажба, а и да ги прикаже сите негови функции и можности, кои не беа презентирани при неговото претставување, може да се извлече како заклучок и од видео од оваа компанија.

Видеото е дел од серијал на Microsoft на YouTube наречен „The Shiproom“ каде од компанијата презентираат компании кои ги користат сервисите од Microsoft. Во ова видео, водителот го користи Surface Duo, истото го кажува и ја менува сликата која се прикажува на зелената позадина.

Не е сигурно дали со тоа се најавува и одредена функција која ќе ја има Surface Duo, но дефинитивно може да се сфати како „тизер“ поради приближување на датата кога овој уред ќе биде официјално претставен.

ИЗВОРTom's Guide
Претходна статијаПогледнете: Официјален трејлер #1 – Samsung Galaxy Unpacked (август 2020)
Следна статијаФИТР подготвува нов повик за дигитализација на услуги во локална самоуправа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.