2bac587dbf7448c6e48ce2aeb101ef35_original-625x352

Првиот производител на паметни часовници, оној кој буквално ги донесе на пазарот, Pebble, лансира два нови уреди, кои за разлика од своите претходници кои беа главно наменети за испорачување нотификации, се повеќе фокусирани на фитнес толпата и имаат вградени сензори за следење на отчукувањата на срцето. И поради послабите продажни резултати во последниве две години, овие два часовници се спонзорирани со Kickstarter кампања, која ги надмина потребните 1 милиони долари.

Со Pebble 2 и Pebble Time 2 ќе бидат своевидни конкуренти и на Fitbit, покрај паметните часовници со Android Wear и Apple Watch. Pebble 2 е поевтиниот од двата часовници и има прилично стандарден дизајн за брендот, со помала рамка околу дисплејот која го прави попријатен за носење.

pebble-2-time

Дисплејот и натаму е црно бел со големина од 1,26 инчи, кој благодарение на e-ink технологијата овозможува траење на батеријата од фантастични седум дена, нешто што е недостижно за останатите паметни часовници. Часовникот е отпорен на вода до 30 метри длабочина, што го прави погоден за следење и на отчукувањата на срцето додека корисникот плива. Скенерот за отчукувања на срцето може и да ги мери отчукувањата додека корисникот одмара, на секои 10 минути. Цената на Pebble 2 изнесува 99 долари.

Pebble Time 2 е помоќниот паметен часовник од двата – има 1,5 инчен дисплеј во боја со резолуција од 200х228 пиксели, но исто така со e-ink технологија. Траењето на батеријата тука е фантастични 10 дена. Исто така, за разлика од поевтиниот и помал модел, овој е изработен од не’рѓосувачки челик. Ремчињата во основниот модел кој ќе чини 169 долари се изработени од силикон, но со доплата може да се добијат и челични – исто како минатогодишниот Pebble Steel.

ef433d2391d654aa37817295ce10f4a0_original-625x239

Од Pebble назначуваат дека се направени и промени во софтверот на двата часовници и особено е посветено внимание на минимизирање на интеракцијата со часовникот. На пример, Uber апликацијата отсега сама ќе ги бира автомобилите и возачите во зависност од претходно подесените параметри на корисникот.

Покрај двата нови часовници, Pebble претстави и приврзок за клучеви наречен Pebble Core, кој е всушност мал уред со Android оперативен систем, кој поддржува GPS, Wi-Fi и 3G поврзување и кој може да се поврзе со најразлични фитнес сервиси. Благодарение на вградените можности за поврзување, овој уред може целосно да ги следи активностите во текот на трчањето, а дури може и да продуцира интернет музика.

Извор: Engadget, Geek, Kickstarter

Претходна статијаОва е првиот автономен автомобил на Uber
Следна статијаОбновлива енергија: Португалија и Германија некаде на врвот