Скопје, 10. ноември –Компанијата Samsung како водечки производител на системи за домашна забава, преку процесот на развој и иновации, секојдневно ги подобрува системите за аудио производи и носи ново револуционерно искуство со секој нов производ и серија. Samsung Soundbar системот во синергија со Samsung телевизорите обезбедува сеопфатно звучно искуство и ново ниво на уживање во видеото содржините.

Паметните телевизори со постојани OTT (over-the-top) иновации создаваат желба кај корисниците за ново искуство во гледањето видео содржини во нивните домови. Кога ефектот од пандемските мерки ќе се додаде на зголемувањето на трендот на гледање омилени видео содржини дома, што ја направи динамиката на движењето на луѓето на глобално ниво многу помала, потребата за врвно домашно видео искуство порасна.

Целосниот, јасен и длабок звук игра клучна улога во обезбедување на максимално искуство. Со создавање на нови аудио искуства, компанијата Samsung го подигна нивото на квалитетот на звукот на повисоко ниво преку своите премиум модели на Soundbar системот HW-Q950A и HW-Q900A, со 16 канали и многу подобрени функции кои носат уште поголемо задоволство на клиентите.

Кино сала  „Дневна соба“

Samsung во 2020 година го претстави моделот со 9.1.4 канали, додека во текот на 2021 година компанијата отиде чекор понатаму со својот најнов модел со 11.1.4 канали, HW-Q950A, кој има два задни сараунд канали.

„Ново додадените канали се наоѓаат на страната на задните сараунд звучници и придонесуваат за реалистични и динамични сцени како што се авиони во лет или трки со автомобили, со тоа што овозможуваат звукот да отскокнува од страничните ѕидови пред да стигне до публиката“, изјави Mingio Oh, планерот на производи во компанијата Samsung.

Импресивниот звук карактеристичен за кината, го обезбедуваат звучниците со високи перформанси кои го исполнуваат целиот простор со јасен и висококвалитетен звук. Благодарение на звучниците со 11.1.4 канали, технологијата Dolby Atmos и Soundbar системот HW-Q950A на Samsung, корисниците можат да ја претворат својата дневна соба во иновативна кино сала и да доживеат ново искуство во гледањето омилени видео содржини како реален звук од дожд или полетување на авион.

„Содржините кои ги имплементираме постојано се развиваат, иницирајќи го развојот на звукот, кој се очекува да биде побогат, пополн и поизразен. Звукот станува сè поважен бидејќи луѓето денес гледаат широк спектар на програми кои ставаат поголем акцент на квалитетот на звукот, како што се музичките емисии и филмовите“, вели Haekvang Park, главен инженер во Samsung Visual Display Business.

Samsung Soundbar HW-Q950A во синергија со моделите на телевизори од 2021 година и со помош на технологијата SpaceFit Sound + која ги анализира димензиите и околината на просторот во кој се наоѓа корисникот, нуди неверојатен звук кој се прилагодува на околината.

Q- Symphony – ново звучно искуство

Вообичаено, при поврзување на Soundbar системот и телевизор, звукот се емитува само од Soundbar системот со технички проблеми кои вклучуваат несинхронизиран звук и разлики во тонот помеѓу двата уреди.

Врвните експерти и инженери за звук, собрани во Samsung Audio Lab, со седиште во Калифорнија, ја развија новата технологија Q-Symphony. Оваа технологија ја претставува компатибилноста, поврзувањето и синергијата на вградениот и надворешниот аудио систем што прави аудио системот на телевизорот и soundbar-от да звучат како совршено синхронизиран оркестар. Samsung им донесе сосема ново искуство на корисниците со поврзување на овие два аудио системи. Q-Symphony ги надминува овие проблеми со инкорпорирање на стереоскопски звучен ефект кој овозможува звукот да се репродуцира и преку аудио системот на уредот и преку Soundbar системот.

Претходна статијаОгромен интерес за претстојната Четврта конференција за е-трговија во Македонија
Следна статијаЦрвениот Крст со парична помош за семејствата на загинатите во Ковид центарот во Тетово

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.