logo600px

No More Woof е амбициозен и интересен проект од Nordic Society for Invention and Discovery, мала скандинавска лабораторија за истражување. Истиот е во почетна фаза во која што за продолжување на истражувањата и развојот потребни се средства, кои што се прибираат преку јавно прибирање на средства преку Indiegogo. Поради интересноста на проектот, како и не толку високата сума на побарани средства, истите се веќе постигнати, дури и надминати за 50%.

20131202064351-P3

Се работи за уред кој што се поставува на главата на вашиот домашен миленик, во случајот куче, кој што може да преведе основни реакции, како „Уморен сум“, „Возбуден сум“ и можеби „Гладен сум“, како и ситуации кога мозочната активност би можела да се преведе како „Кој си ти/вие“. Технологијата која што се користи во уредот е резултат на комбинирање на најнови технологии во три различни области, EEG (Електроенцефалографија) сензори, микро компјутери и специјален BCI (интерфејс помеѓу мозокот и компјутерот).

v3-2-2

EEG сензорот ја снима активноста на мозокот која што за сите цицачи се манифестира на ист начин, односно како низа на електрични сигнали. Поради едноставноста на мозокот на животните во споредба со човечкиот, сигналите кои што означуваат лутина, љубопитност или замор се поистакнати, односно издвоени, што ги прави полесни за распознавање. Уредот работи на тој начин што добиените информации преку EEG сензорот ги процесира преку вграден Raspberry PI мини компјутерот во него.

http://www.youtube.com/watch?v=CweAeshjObA

Претходна статијаGoogle ги затвора Bump и Flock
Следна статијаКонцепт за интерактивни нотификации во iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.