Transporter Sync е мал уред на кого поврзувате надворешен USB диск, HDD или SSD. Може да поврзете било каков диск кој што се поврзува преку USB. Лимитот на големината на дисковите е до 4 терабајти. Уредот потоа го поврзувате на вашата мрежа преку Ethernet портата и со тоа може да пристапите на податоците од дискот, како преку вашата мрежа, така и преку интернет.
Ова е уред наменет за луѓето што сакаат поголема контрола врз своето Cloud решение и не сакаат да ги користат сервисите како Dropbox, Skydrive, Ubuntu One и слични, за чување на одредени фајлови. Исто така Cloud сервисите сеуште се сметаат за не толку сигурно решение за чување на фајлови кои не сакате било кој да добие пристап до нив. Сепак, покрај сите сигурносни мерки што ги имаат овие сервиси, чувате фајлови на оддалечен диск над кого немате контрола или сопственост. Transporter Sync нуди ваше решение, избор на големина на диск и за сето тоа не треба да плаќате месечна претплата. Исто така претставува добра замена за NAS уред, па дискот може да биде ваш мултимедија центар преку кого ќе споделувате филмови и серии во вашиот дом.