20140606230830-Sensibo_on_white_AC2

Sensibo е уште еден од веќе големиот број на уреди кои што се претставувани на платформите за јавно прибирање на средства. Во овој случај се работи за мал уред кој што го поставувате на вашиот клима уред и со тоа неговата контрола и работа ја презема мобилната апликација преку поврзување со интернет. Доколку ваквите уреди се интересни за вас, можете да прочитате за уште еден ваков уред за кој што веќе пишувавме и кој што е наречен tado.

Во основа Sensibo работи многу едноставно. Се поставува на вашиот клима уред преку лепливата површина на долната страна, а има и можност да биде поставен со држач за постарите клима уреди кои што можеби немаат доволно пластичен простор на кој што би бил залепен. Се поврзува со вашиот рутер преку W-Fi конекција, како и со IR со вашиот клима уред. По поврзувањето целата работа се врши преку вашиот мобилен телефон, наместо преку далечинскиот управувач.

Преку апликацијата можете да ја местите температурата, како и брзината на вентилаторот. Меѓутоа главните предности од користењето на ваков уред и апликација доаѓаат преку можноста за местење на автоматски режими на работа, како и вклучување и исклучување на клима уредот преку интернет кога не сте дома.

20140515083743-sensibo_with_sunglasses

За Sensibo направен ќе биде и канал на IFTTT сервисот, па може да се искористат неговите огромни предности. Пример за тоа како може да се искористи овој сервис е, поставувањето на таканаречен рецепт да кога ќе испратите email порака, вашиот клима уред да почне со работа на одредена температура.

Sensibo исто така може да се користи со повеќе клима уреди, односно преку поставување на еден главен уред кој што се поврзува со рутерот, може да се постават повеќе мали уреди на повеќе клима уреди во домот. Сите овие клима уреди потоа може да бидат контролирани преку едноставниот интерфејс на мобилната апликација.

Извор: Indiegogo

Претходна статијаVessyl: Паметна чаша која што ја следи и препознава содржината во неа
Следна статијаРаспоредот на натпреварите од светското првенство во фудбал на вашите календари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.