Без разлика дали имате на пример MacBook Air на кој што работите канцелариска работа, гледате филмови и слушате музика, или пак имате MacBook Pro 15” со ретина дисплеј на кој што едитирате видео записи, програмирате или пак креирате музика, скоро секој корисник на Apple компјутер се смета себеси за напреден корисник на Mac. И за секој напреден корисник на Mac, се разбира, се потребни повеќе додатоци од оние кои доаѓаат стандардно со секој купен компјутер, за да го се добие вистинско напредно искуство.

Во продолжение, Ви предлагам неколку најдобри Mac додатоци кои ќе Ви помогнат да го извлечете максимумот од Вашиот Apple компјутер.

  • Држач за лаптоп

Секој што работи долго време пред лаптоп без паузи, најверојатно се здобил со болки во вратот и во грбот. Знам од лично искуство J Elago L3 држач за лаптоп, ќе го подигне лаптопот во висина на Вашиот видокруг и со тоа нема да имате потреба да ја наведнувате главата и да се здобивате со болки во вратот и грбот. На рабовите има и гумена заштита за да не го изгребете Вашиот лаптоп.

  • Супер тенок 4k Екран

Направете да исчезнат сите Dongles (адаптери) од Вашето работно биро и во исто време добијте одлична 4k слика со овој прекрасен екран на LG. Овој монитор е 27 инчен со 4k резолуција и ги има на него скоро сите можни влезови. Тенкиот дизајн делува извонредно. Со истиот USB-C кабел што го поврзувате Вашиот лаптоп со екранот, ќе можете и да го полните лаптопот. На него има и USB-A legacy, Display и HDMI порти.

  • USB-C во Lightning кабел

Доколку ги имате новите MacBook Pro лаптопи на Apple и уште некои Apple производи како iPad или пак iPhone, тогаш овој кабел ќе Ви биде повеќе од потребен. Со него нема да Ви бидат потребни други адаптери за да го поврзете Вашиот iOS уред со лаптопот.

  • Мултипорт USB-C адаптер

Многу корисници се жалат поради фактот дека на новите MacBook Pro има само USB-C приклучоци и дека им се потребни повеќе адаптери за да можат да користитат повеќе уреди кои ќе ги приклучат на лаптопот. Но, SATECHI најде начин да направи мал, компактен USB-C адаптер за повеќе влезови. На него има три USB 3.0 порти, влез за SD картички, и Micro SD прикличок. Овој адаптер го препорачувам на оние корисници кои имаат дигитални фотоапарати со мемориска картичка.

  • Безжични слушалки

Иако Apple се одличија да го остават стандардниот 3.5mm аудио приклучок на новите лаптопи за разлика од iPhone 7, сепак со Beats Solo3 слушалките ќе имате неверојатно аудио искуство. Батеријата на овие безжични слушалки трае до 40 часа непрекинато слушање на музика. Во нив го има вградено најновиот Apple-ов W1 безжичен чип. Исто така и имаат добар досег од 40 метри. Несомнено Beats Solo3 се можеби најдобрите безжични слушалки на пазарот.

  • Поврзете ги сите уреди со еден кабел

Elgato Thunderbolt 2 Dock Ви овозможува да поврзете скоро се на Вашиот MacBook одеднаш. На него има два Thunderbolt, два USB 3.0, еден HDMI и еден Gigabit Ethernet влез.

 

Претходна статијаBrainster.io – Колекција од +250 бесплатни алатки за поуспешна кариера!
Следна статијаСтуденти го користеле Touch Bar-от кај MacBook Pro за препишување