Moto360_Macro_alt1_with text

Денеска беше претставен Android Wear верзија од Android оперативниот систем прилагодена за паметните часовници и слични уредите наменети за носење. Исто така беше најавена соработка со повеќе компании кои што оваа година треба да претстават модели на паметни часовници кои што ќе работат на овој оперативен систем. Првите две компании кои веднаш излегоа со свои модели се Motorola и LG, кои што ги претставија Motor 360 и LG G Watch.

Moto 360 е паметен часовник кој што за разлика од другите часовници од оваа категорија доаѓа со тркалезен дизајн познат за постарите часовници. Истиот како што нагласуваат од Motorola е направен од првокласни материјали со удобна форма позната за вашиот зглоб. Часовникот покрај покажувањето на времето ќе прикажува нотификации од поврзаниот мобилен телефон, односно корисниците ќе може да видат кој им има испратено email порака или кој ги бара, кој е нивниот нареден состанок или најновата објава од пријателите на социјалните мрежи. Исто така како што беше најавено за Android Wear оперативниот систем, Moto 360 голел дел од работата ќе ја заснова на Google Now функцијата за гласовни команди, па со едноставно кажување на “Ok Google” корисниците ќе може да поставуваат разни прашања, да поставуваат состаноци на календарот, да испраќаат пораки и многу повеќе.

Moto 360 ќе биде достапен од ова лето почнувајќи од Америка и ќе доаѓа со можност за избор од повеќе стилови.

LG-G-Watch-blog-597x735

LG G Watch исто така е само најавен, односно нема повеќе информации за тоа какви карактеристики ќе има и слично, односно познати се само основните функции претставени со оперативниот систем Android Wear. Од LG изјавуваат дека веќе подолг период соработуваат со Google на повеќе проекти, вклучувајќи го и паметниот часовник. За разлика од Moto 360, паметниот часовник на LG ќе го има стандардниот дизајн како кај повеќето вакви уреди, односно ќе биде во форма на коцка. Ќе има можност да работи со повеќе паметни телефони кои што работата на Android оперативниот систем.

LG G Watch исто така ќе биде достапен во втората половина од оваа година, а повеќе детали околу карактеристиките на часовникот ќе бидат достапни во наредните месеци.

Претходна статијаGoogle го претстави Wear, Android верзија прилагодена за паметните часовници
Следна статијаFirefox 28 достапен за симнување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.