Microsoft го одложи еден од двата нови Surface уреди со двоен екран кои требаше да бидат претставени до крајот на оваа година, односно за време на празниците во САД во декември. Surface Neo, кој работи на уште непретставената Windows 10X верзија, ќе биде претставен дури идната година, односно најверојатно идното лето.

За разлика од овој уред, Surface Duo, исто така уред кој има два екрани, но работи на Android и го претставува враќањето на Microsoft на пазарот на смартфони, веќе има најави дека ќе биде претставен порано оваа година, можеби за време на летото.

Сега повторно доаѓа информација дека Microsoft се спрема за претставување на Surface Duo ова лето, а информацијата укажува на тоа дека од компанијата сакаат да го претстават уредот пред Samsung да го претстави Galaxy Fold 2, што значи некој ден од јули.

Информацијата доаѓа од еден од неколкуте познати и најчесто точни објавувачи на неофицијални информации, Зек Боуден, преку Twitter. Тој исто така нагласува дека ова се плановите на Microsoft, но дека истите може да се променат.

Инаку, неофицијално Samsung треба да го одржи својот настан за претставување на Galaxy Note20 на 5-ти август, а на овој настан се очекува и претставувањето на втората генерација од Galaxy Fold. Иако Fold доаѓа со еден екран кој се превиткува, а Surface Duo има два споени екрани, сепак се смета дека се во слична категорија, па Microsoft би сакал да им даде дополнителен избор на корисниците пред да се решат за Galaxy Fold 2.

ИЗВОРTechRadar
Претходна статијаTwitter тестира потсетник за читање на статијата пред нејзино споделување на Android апликацијата
Следна статијаWizz Air ја продолжува суспензијата на сите летови од и до Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.