quanta-compute-plug

Уште еден доказ дека Windows 10 ќе го има буквално насекаде, дури и во мали адаптери кои директно можат да се приклучат во штеќер, односно мини компјутери со големина на 5 инчен паметен телефон.

Адаптерите, или подобро, микро компјутерите, се направени од Quanta и имаат иста големина како обичен адаптер за полнење на телефон. Идејата е да зафаќаат што помалку простор и кога ќе се приклучат, да нема воопшто кабли кои ќе висат од уредот и сл. Иако не ги знаеме нивните целосни спецификации, како на пример каков процесор ќе имаат, по фотографиите може да се види дека ќе имаат неколку USB 3.0 излези, како и HDMI излез за видео. Според тоа, најмногу би се употребувале за поврзување со поголеми телевизори и за користење на можностите и апликациите кои Windows 10 ги носи со него.

foxconn-kangaroo

Мини компјутерот, пак, кој има големина на еден модерен паметен телефон, е изработен од Foxconn. Kangaroo има вградена батерија, која трае до 6 часа користење, што го прави уредот одличен за оние кои често ја преместуваат својата работа од едно на друго место. Со Foxconn Kangaroo единствено ви треба надворешен дисплеј за да работите на него, што значи дека ќе можете да го користите секаде каде имате монитор, како на пример на работа и дома.

И двата уреди ќе се користат со Bluetooth тастатури и мауси, што ги прави подогни за користење на голема група на уреди, односно ќе можат да се користат и како целосен компјутер и како мултимедијален уред за телевизорите.

Единствена непозната е какви перформанси ќе нудат овие мали компјутери, но, според тоа што ветуваат новите Intel Skylake чипови, односно многу помали димензии и многу подобрени графички перформанси, би можеле да очекуваме дека наредната година ќе има многу вакви мини компјутери со целосен Windows 10 и можности кои денес ги нудат подобрите лаптоп компјутери.

Извор: Windows Central

Претходна статијаГолемиот хадронски судрувач при CERN повторно активиран во научна спрега
Следна статијаDell претстави два евтини „се во едно“ компјутери од Inspiron серијата