Treasure_Tag_Paired

Наближува периодот кога Microsoft ќе ги лансира долго очекуваните Lumia телефони од високата класа, заедно со Windows 10 Mobile оперативниот систем. Во пакет со нив, лансирани ќе бидат и четири надворешни геџети, од кои едниот ќе биде наменет за најпопуларната функција, Continuum.

Имено, уредот со кодно име Munchkin, ќе овозможи поврзување на телефоните со монитори кои не поддржуваат безжична комуникација, односно оние со HDMI, DVI и VGA порти. Исто така, уредот ќе има и неколку USB влезови, што значи дека мобилниот ќе може скоро целосно да се трансформира во Windows 10 компјутер. Да потсетиме, со Continuum, при поврзување на телефонот со поголем дисплеј, ќе добиете целосно десктоп опкружување.

Nuevos-Accesorios-de-Microsoft

Другите три уреди вклучуваат нов Treasure Tag, со кодно име Valora. Овој уред се става на клучевите или во паричникот на пример и праќа нотификација до телефонот доколку е во движење, односно е оддалечен од телефонот. Ivanna/Livana е безжичен Bluetooth звучник со вградена батерија, наменет за оние кои сакаат да слушаат музика во природа. Murano е пак уред со кој ќе може безжично да пуштате содржини од телефонот на телевизор преку Miracast.

Покрај овие четири геџети, Microsoft треба да претстави 6 нови Lumia телефони, почнувајќи со оние од високата класа и тоа 940 и 940 XL. Покрај Continuum можноста, овие два модели ќе бидат и првите на пазарот со скенер за ирисот на очите.

Извор: Windows Central

Претходна статијаОтсега достапен адаптер за жично LAN поврзување за Google Chromecast
Следна статијаBoeing патентираше дизајн за ласерско-нуклеарен авионски погон