lg-tone-plus-910_0 copy

Корејскиот производител ќе претстави нови TONE+ слушалки на CES во Лас Вегас, кои се поврзуваат преку Bluetooth и се лесни за носење, што ги прави идеални за сите надворешни активности.

TONE+ HBS-910 се наследник на моделот TONE кој беше претставен на почетокот од оваа година. Според LG, новиот модел донесува неколку подобрувања, особено во делот на звукот. Така, благодарение на новите “Advanced Quad Layer diaphragm” звучници со четири слоеви на дијафрагмата, овие слушалки имаат многу подлабок и побогат бас и чисти високи тонови.

Исто така, на надворешниот дел се вградени два микрофони, чија главна намена е “Active Noise Cancelling”, односно анулирање на звуците од надворешноста, со цел поквалитетно аудио искуство, но истите можат да се користат и за повици. Покрај функцијата за повици, TONE+ ќе можат и да ги прочитаат пораките од вашиот смартфон преку Tone&Talk што ги прави и делумно паметни, се додека пораките се на англиски секако.

Новите TONE+ слушалки на LG се и прилично лесни и имаат ергономски дизајн, што ги прави погодни за слушање музика дури и кога спортувате. Ќе бидат достапни во три бои – црна, бела и розова.

Сите овие напредни карактеристики ќе се обидат да му помогнат на LG во натпреварот со илјадниците различни Bluetooth слушалки на пазарот, од кои повеќето се со сомнителен квалитет.

TONE+ на пазарот треба да пристигнат од февруари наредната година во Азија, односно набрзо потоа и во Европа и низ останатите континенти во светот. Официјалната промоција ќе се одржи на саемот CES во Лас Вегас.

Извор: Ubergizmo, Android Central, NDTV

Претходна статијаЗемјината орбита полна со отпадоци
Следна статијаHP најверојатно ќе претстави Windows 10 Mobile смартфон на MWC