Компанијата Dyson која и кај нас е до некаде позната по своите правосмукалки и слични производи, патентира слушалки кои во нив имаат прочистувач на воздухот. Ова секако не значи дека наскоро може да очекува ваков официјален производ, но го покажува проблемот со загадениот воздух во голем дел од светот, а ние често сме и на врвот од топ листата на градови.

Од тоа што може да се види од патент апликацијата, слушалките во себе би содржеле мотор со вентилатор којшто би требало да го собираат воздухот вртејќи со брзина од 12.000 вртежи во минута. Филтрите би требало да го спречат влегувањето на повеќето бактерии и честички, иако не пишува до кое ниво, по што воздухот кој ќе излезе треба да е прочистен. Во основа, тоа е начинот на којшто би се очекувало да функционира еден прочистувач, до овој дел барем.

Тоа што е интересно и го поставува прашањето на ефикасност е начинот на којшто корисникот ќе добие пристап до овој прочистен воздух. Како што може да се види и од сликата од патентот, слично како што е држачот на главата за слушалките, ќе има уште еден таков дел кој оди пред лицето на корисникот. Од овој дел ќе биде пуштан прочистениот воздух којшто ќе иде во количина од 2,4 литри во секунда.

Овие слушалки се замислени како подобра алтернатива на носењето на маски со филтер кои сепак го покриваат лицето и мора да се признае дека би било навистина чудно кога голем дел од луѓето надвор ги носат нив.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаSamsung случајно го потврди името и изгледот на Galaxy S20
Следна статијаApple продава повеќе часовници од сите швајцарски производители заедно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.