Сè се развива, па така и звукот. Сакаме побогат, исполнет и поизразен звук. Времето на еднонасочен моно звук помина и дојде времето на повеќенасочен звук, кој целосно го исполнува просторот во кој се наоѓате. За да се излезе во пресрет на желбите на корисниците, се развиваат висококвалитетни soundbar звучници чија задача е да испорачаат пореален звук. Како одговор на желбите и потребите на потрошувачите, во 2016 година на пазарот се појави првиот модел на Samsung- soundbar звучници, кои овозможуваат звук со врвен квалитет и ефект на рамномерно ширење низ просторијата.

Поради брзиот развој и растечките потреби, во 2021 година пристигна иновативниот HW-Q950A soundbar, кој има два задни сараунд канали. Врвниот soundbar овозможува извонредно искуство на моќен и живописен звук кој ги исполнува претходно тивките моменти.

Како функционира?

Најчесто, звукот што го емитуваат звучниците наидува на препреки како што се sидови или завеси пред да стигне до ушите на слушателот. Ова е всушност одговорот на прашањето: Зошто истиот звук може да се слушне поинаку, во зависност од димензиите и просторниот распоред каде што се користат уредите?

Samsung HW-Q950A soundbar поврзан со ТВ моделите од  2021 година , како што се новите телевизори Samsung Neo QLED, користи SpaceFit Sound+ за да ги анализира димензиите на просторот и да му обезбеди на корисникот неверојатен звук и искуство. За да овозможи оптимизиран звук ги применува SpaceFit Sound+ и Auto EQ технологиите кои користат вградени микрофони за темелно истражување на просторот. Потоа ги обработуваат податоците и обезбедуваат прилагодено и оптимизирано звучно искуство.

Заборавете на нерамномерниот звук

Покрај SpaceFit Sound и Auto EQ, тука е и иновативната опција Samsung Q-Simphony, која дополнително го обработува и подобрува звукот генериран од ТВ уредот и soundbar-от, гарантирајќи го оптималниот квалитет на звукот. Функцијата Q-Symphony исто така со стетоскопски звучен ефект го решава проблемот со нерамномерен звук помеѓу ТВ уредот и soundbar-от. Се работи за звучници кои се поставуваат околу телевизорот и покрај soundbar-от и репродуцираат многу побогат и пореален звук во споредба со звукот само од soundbar.

Кристално јасен дијалог

За да се создаде ново ниво на акустика и звук, потребно е да се прилагодат многу карактеристики. Active Voice Amplifier (AVA) го кристализира дијалогот додека ги гледате вашите омилени емисии и им овозможува на гледачите јасно и разбирливо да го слушаат разговорот, без оглед на позадинските звуците. Вградениот микрофон во soundbar-от автоматски го мери нивото на бучава, и ги засилува гласовите ако шумот трае повеќе од три секунди или надминува одреден праг.

Подарете си себеси и на вашите најблиски врвно искуство при гледањето на омилените серии и филмови со моќните Samsung soundbar звучници. Повеќе информации може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/audio-devices/q-series-soundbar/.

Samsung до 11 јули 2021 година, има акција за големи 75 ”и 85” екрани, каде што со купување на Neo QLED, QLED или Crystal UHD модел од 75 или повеќе инчи, добивате подарок soundbar звучници. За повеќе информации за Samsung Neo QLED телевизорите, посетете ја https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/highlights/

Претходна статијаСе одржа првиот Italian Open Moto Day посветен на италијанската мото индустрија
Следна статијаА1 Македонија го претставува „Славчо”, првиот и единствен четбот на албански јазик во регионот