nci-lede

Со подемот на 3Д принтерите побарувачката на 3Д модели за принтање станува се’ поголема. Caltech имаат развиено чип што ќе овозможи едноставен, брз и прецизен начин за скенирање било какви објекти од секојдневието користејќи паметни уреди.

Чипот има прецизност до неколку микрони и е помал од еден квадратен милиметар, така што, многу лесно може да го собере во било кој паметен уред и да биде едноставен за употреба. Силициумскиот чип наречен Nanophotonic Coherent Imager (NCI) користи бранови должини на светлина кои се кохерентни (иста френфенција и целосно синхронизирани синусоиди) кои го осветлуваат објектот кој треба да се скенира и потоа рефлектираната светлина се анализира која е примена од детектори вградени на самиот чип, така што фазата, фрекфенцијата и интензитетот на светлината која е рефлектирана од самиот предмет може да се употреби за одредување на точната дистанца од точката во прашање.

Засега, прототипот на чипот може да скенира мали предмети со големина околу просечна монета, но Caltech работи на чип што ќе може да се справи и со многу поголеми предмети.

Извори: Engadget

Претходна статијаПротечени нови информации за Sony Xperia Z4
Следна статијаCERN повторно стартуваше после 2-годишна пауза