bttn_official_03_GRE

Кога првпат ќе го погледнете овој производ, сигурно ќе се запрашате дали навистина вакво нешто би можело да му биде од корист на некого. Меѓутоа кога ќе видите колку едноставен, а корисен производ е во прашање, сигурно ќе посакате да го купите, иако тој во главно е наменет за деловните корисници и од нив се очекува поголема побарувачка.

Во основа Bttn е големо копче кое што притискањата ги испраќа на интернет, поточно до серверот на The Button Corporation, компанијата која што го произведува. Може да се поврзе преку Wi-Fi, но може да работи и со SIM картичка, односно преку поврзување на мобилен интернет. Она што се случува по добивањето на командата од страна на серверите е она што отвора огромен број на можности за овој производ.

Bttn серверите се поврзуваат со повеќе интернет технологии и сервиси како на пример, HTTP, RSS, IFTTT, SmartThings, Twitter, Facebook, email или SMS. Која од овие технологии и сервиси ќе биде ставена во употреба го прилагодувате преку веб итнерфејсот од Bttn сервисот, па така со притискање на копчето се активира некој од овие сервиси.

Можеби најдобро ќе добиете претстава што можете да направите со ова копче е преку неколку примери од ситуации во кои што може да се најде корисен овој производ. Bttn можете да го поставите на влезот од вашиот дом, па секогаш кога вашето дете ќе дојде дома и ќе го притисне копчето, вие ќе добиете SMS порака со содржина „Си дојдов дома“, на пример. Исто така копчето може да се користи и во продавниците, каде што притискањето на едното копче ќе означува дека корисникот е задоволен, додека другото ќе означува дека корисникот не е задоволен од продавницата и услугата.

Bttm доаѓа со LED светилки кои што светат во различни бои и со тоа го информираат корисникот за одреден работи и активности. Па така, кога ќе го притиснете копчето и активноста е успешно завршена, тоа ќе свети со зелена боја, а црвена доколку се јави одреден проблем. Исто така тоа може да биде наместено да свети во одредена боја, па корисниците да може да ги распознаваат различните копчиња, како во примерот со продавницата.

bttn_official_web

Можностите кои што можете да ги направите со ова копче се големи, посебно со поврзување со IFFTTT сервисот, односно со огромниот број на рецепти за извршување на работи.

Bttn покрај испраќањето на информација до серверите дека копчето е притиснато, може да испрати информација и кога истото не е притиснато. Тоа е корисно во ситуации како, на пример потсетник да се напиете лек. Во ваква ситуација копчето може да биде наместено да трепка за да ве потсети во одредено време да се напиете лек, па кога ќе го притиснете истото ќе престане. Оваа можност е доста корисна и за постарите лица кои што на овој начин може да ги информираат своите деца дека се во ред во одреден период од денот, па доколку тие не го притиснат копчето информацијата ќе биде испратена каде што треба и некој ќе провери што се случува.

Bttn работи на обични AA батерии, како и со поврзување преку USB кабел. Цената по која што се продава е 69 евра.

Извор: Bttn

Претходна статијаUbuntu One престана со работа, префрлете ги фајловите до 31-ви Јули
Следна статијаGoogle наскоро ќе лансира Еnd-to-Еnd Chrome екстензија за енкриптиран email
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.