Bose како компанија која е една од најпознатите во светот на аудио опремата, не е чудно што решава да го искористи тоа знаење и способност за проширување на своите производи.

Тие на годинешниот CES 2019 саем за технологија претставија систем којшто треба да ја намали бучавата која патниците ја слушаат внатре во автомобилот, а доаѓа од надвор, односно од видот на патот и гумите.

QuietComfort Road Noise Control ова го постигнува користејќи акцелерометри кои се поставуваат на автомобилот и го следат неговото движење и вибрации. Потоа со помош на аудио системот се пушта звук со соодветна фреквенција кој треба да кратко кажано го поништи звукот којшто доаѓа од надвор.

Системот исто така вклучува и сет од микрофони поставени внатре во кабината кои го мерат звукот и соодветно го прилагодуваат аудио системот, а овој систем со тек на време се подобрува во својата работа.

Деталите околу овој систем можете да ги погледнете на видеото во продолжение, како и на страната на Bose на овој линк.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung го претстави нивниот 75 инчен 4К телевизор со Micro LED технологија и можеби најнапредната слика од сите технологии
Следна статијаШтандот на LG на CES 2019 е еден од најубавите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.