c3a232e9d7e8d8eb6923372ad370ef40_original

Bagel е модерна верзија од алатка која нема кој некогаш во животот не ја користел за разни намени. Се работи за метрото за мерење на должина, а Bagel ќе замени повеќе вакви алатки, за повеќе намени.

Изгледа овој едноставен уред им е навистина интересен и потребен на повеќето, затоа што Kickstarter кампањата, преку којашто се финансира неговиот развој, веќе има собрано повеќе од 500.000 долари, а побарани беа само 30.000. До истекот на рокот за прибирање средства остануваат уште 21 ден, а еден уред може да се нарача сега за цена од 80 долари, но истата е привремена.

Bagel треба да замени повеќе видови на метроа кои се користат за повеќе намени. Тој исто така е и паметен уред, односно може да се поврзе со мобилен телефон, односно посебно направената апликација за него.

Во апликацијата, со која се поврзува преку Bluetooth, се зачувуваат направените мерки, а за истите може да се додаваат ознаки.

Bagel нуди можност и за правење на гласовни белешки кои по поврзувањето со апликацијата ги претвора во текст.

Инаку, Bagel нуди три режими на мерење, односно преку лента, тркалце и ласер. Сите овие режими треба да овозможат лесно мерење во разни ситуации, за што обично се потребни повеќе видови на метроа.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаSamsung ја освежува 850 Evo серијата на SSD дискови со нов модел од 4 TB
Следна статијаВодич за купување на телефон – дел 3 – специфични и интересни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.