zenwatch3

Asus не е особено познат на смартфон сцената, но затоа нивните “Zenwatch” паметни часовници успеаја да постигнат особено голем успех, пред се благодарение на високите перформанси, одличната изработка и ниската цена. Новиот Zenwatch 3 донесува неколку подобрувања во однос на претходникот и особено во очи паѓа неговиот луксузен дизајн како на швајцарските часовници.

Според Asus, дизајнот на круната околу дисплејот црпи идеја од короната при затемнувањето на сонцето, но од каде и да е идејата, ова се навистина убави часовници. Дисплејот исто така треба да биде еден од најдобрите – се работи за AMOLED панел со големина од 1,39 инчи и 400 пиксели во дијаметар, што е острина од 287 пиксели по инч.

ZenWatch%203_Silver%20with%20leather_WI503Q copy

Во внатрешноста е вграден новиот Snapdragon 2100 процесор наменет за паметните часовници, кој треба да овозможи многу пофлуидно работење на Android Wear оперативниот систем. Тој е помогнат од 512 MB рам меморија и 4 GB простор, додека батеријата има капацитет од 341 mAh – доволно за два дена користење според Asus.

Голема предност во однос на конкуренцијата е брзото полнење – 15 минути на полнач е еднакво на 60% наполнетост на батеријата, што би требало да е доволно за цел ден користење. Исто така, Zenwatch 3 може да мери и чекори и склекови, но ги нема сите сензори како Samsung Gear S3 на пример, што значи дека нема да биде најкорисен за сериозните фитнес ентузијасти.

Затоа, цената на Zenwatch 3 ќе изнесува 229 евра во Европа, што е навистина достапно за луксузно дизајниран паметен часовник со одличен дисплеј и високи перформанси. Zenwatch 3 ќе биде достапен во три бои – црна, сребрена и розово – златна.

Извор: Engadget, The Verge, Tech Times

Претходна статијаSony ги претстави Xperia XZ и X Compact – смартфони од високата класа со исклучителна камера
Следна статијаSamsung Galaxy J2 DTV е евтин Android смартфон со вграден дигитален TV тјунер