Уредите со екран кој се превиткува сигурно ќе бидат иднината на мобилните, но додека доволно се развие оваа технологија гледаме дека уредите со двојни екрани исто така привлекуваат внимание. Овие уреди ги имаат дел од предностите на екран кој се превиткува, иако не сите, но без проблемите на појава на „фалта“ по линијата на превиткување, како и некои други оштетувања кои беа дел од првата генерација на ваквите уреди.

Apple би било чудно доколку не се приклучи на овој развој на работите, а ако се покаже дека ваквите уреди навистина станат главни во иднина, нема ни можност да не се приклучат. Веќе имаше неколку неофицијални информации, како и патент апликации, дека Apple развива iPhone со екран кој се превиткува, но најновите информации од познатиот Џон Просер ни кажуваат нешто друго.

Според неговите информации, кои секако се неофицијални и не може да се сметаат за сигурни, уредот од Apple со екран на превиткување не е навистина со екран на превиткување. Наместо тоа, од компанијата изгледа работат на уред како Surface Duo, односно и поголемиот Surface Neo.

Ова се уреди кои наместо еден екран кој се превиткува на пола, имаат два екрани, па сепак работата со нив е поделена на два дела, наместо да се добие еден поголем екран, како што е случајот со Samsung Galaxy Fold или Huawei Mate X (и Mate Xs).

Сепак, Apple не би биле тоа што се доколку нивната верзија од нешто не е поразлична. Според информациите, двата екрани кај iPhone би биле многу поблиску еден до друг за разлика од моменталната конкуренција, до тој степен што скоро и не би се забележувало дека се два посебни екрани.

Исто така, со оглед на тоа што овој уред е далеку од претставување, исечокот на горниот дел од екранот би го немало, нешто што се надевавме дека Apple ќе го направи оваа година, но сите неофицијални информации за iPhone 12 покажуваат дека исечокот ќе остане уште малку.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаСурфајте преку игра на Microsoft Edge кога не можете да сурфате на интернет
Следна статијаОгромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.