Apple

Кога паметните часовници за првпат почнаа да се продаваат пред неколку години, се веруваше дека тие наеднаш ќе станат хит и ќе ја надминат продажбата на обичните рачни часовници. Сепак, времето покажа дека можеби малата батерија и не толку ниската цена кај одредени модели не ги направија баш привлечни овие уреди, па продажбата беше значително помала од очекувањата.

Ваквата ситуација не важеше за Apple кога тие го претставија својот Apple Watch. Продажбата на овој паметен часовник постепено почна да ги поминува границите на другите, па денеска овој уред важи за еден од најмногу продаваните часовници во светот, кој успева да ја задржи надежта за иднината на овие уреди.

Според информациите од компанијата Strategy Analytics, Apple Watch минатата година се има продадено во количина поголема од таа на сите производители на часовници во Швајцарија. Споредбата со производителите од оваа земја секако е направена поради тоа што повеќето од најпознатите брендови во светот се од Швајцарија.

Ова ја покажува не само популарноста на Apple Watch, туку и популарноста генерално на паметните часовници кај купувачите, а според статистиките, тоа посебно и очекувано важи за помладите купувачи.

Според Strategy Analytics, Apple Watch минатата година се има продадено во количина од 30,7 милиони уреди, што е за 36% повеќе од претходната година кога биле продадени 22,5 милиони Apple Watch уреди.

За споредба, целата швајцарска индустрија за часовници минатата година има продадено 21,1 милион часовници, што е за 13% помалку од претходната кога имале продадено 24,2 милиони часовници.

Овој тренд секако не може да се очекува дека ќе застане, а со развојот на технологијата за батерии и со излегувањето на се повеќе модели на паметни часовници, јасно е дека тие ќе станат главниот производ на овој пазар.

Прашањето е само како ќе реагираат старите компании. Дали тие на време ќе влезат и ќе напредуваат на пазарот на паметни часовници или ќе направат нешто слично како Nokia и BlackBerry на времето на пазарот на мобилни телефони и нема да реагираат додека престанат со работа.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Strategy Analytics
Претходна статијаDyson патентира слушалки кои се и преносен прочистувач на воздухот
Следна статијаЈавните претпријатија трошат наши пари и затоа е важно да ги управуваат најдобрите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.