На негативна критика на многу корисници, Apple го исфрли излезот за слушалки од новиот iPhone 7/7Plus. Нивното решение за овој проблем се безжични слушалки (покрај Lightning слушалките), а како потврда за тоа тие ги претставија нивниот прв таков модел, Airpods. Сепак, се чини дека Apple има огромен проблем во тоа да ги дизајнира слушалките да работат како што треба, односно двете слушалки да имаат ист звук, за што доказ е тоа што сѐ уште не се пристигнати на пазарот.

Интересно, ова не е само проблем на Apple. Скоро сите целосно безжични слушалки за „во уво“ имаат каснење на звукот на едната слушалка. Причината е што Bluetooth стандардот, дури и во последната 4.2 генерација, не може да пушта безжичен звук на два уреди истовремено. Решението за овие слушалки е едната да го прими Bluetooth сигналот и потоа да испрати друг сигнал до другата слушалка.

Според Apple, нивните слушалки можат да примат сигнал одеднаш од самиот уред, односно iPhone или Mac лаптоп. Сепак, проблемот тука пак е што едната слушалка е најчесто подалеку од другата. На пример, доколку телефонот е во левиот џеб, сигналот на десната слушалка малку ќе касни зад тој на другата, расипувајќи ја стерео сликата од звукот.

Многу производители имаат едноставно решение за овој проблем – двете слушалки се поврзани со кабелче, кое стои зад вратот. Ова решение значи и дека ваквите слушалки ќе биде многу потешко да се загубат, за разлика од Airpods и сличните на нив. Всушност, вториот проблем, според аналитичарите, е што ќе се случи доколку корисникот ја загуби едната слушалка – на пример таа со W1 чипот во неа. Дали тогаш и другата нема да работи?

На крај, сето ова може да испадне дека се гласини и дека Airpods наскоро ќе пристигнат, но интересно е што во западните земји веќе е почнат божиќниот шопинг, а Apple сѐ уште ги нема лансирано слушалките. Досега, секој нивни уред беше подготвен за празниците.

Цената на Airpods е инаку 160 долари и таа исто така би можела да биде ограничување за успех на пазарот. Во моментов веќе има Bluetooth слушалки кои имаат подобар звук од Airpods и чинат многу помалку пари. Ние имаме и рецензија на одличните Ausdom M05, кои чинат три пати помалку.

Извор: Gizmodo, ZDNet, Daily Mail

Претходна статијаMicrosoft прави промени во надградбите за Windows 7 и 8.1
Следна статијаНезаборавен шопинг и забава за 3от Роденден на Capitol Mall