Фото: Gabriel Heinzer преку Unsplash

Иако може да се каже бавно, сепак Windows почнува да станува попривлечен систем и за другите корисници, кои не се „гејмери“ или обични корисници кои работат со Office пакетот.

Додавањето на, кратко кажано, Linux во самиот систем направи доста за корисниците кои имаат потреба од алатките кои ги нуди Linux, но сепак имаат потреба од Windows.

Сега Windows ќе ја добие една од почесто користените „алатки“ од страна на програмерите и инженерите на Linux и macOS, а тоа е командата „Sudo“. Оваа команда се користи за извршување на повеќе задачи, како инсталирање на апликации, промена на прилагодувања, пристап до папки и датотеки и слично, со користење на администраторски привилегии на корисникот.

Оваа команда се користи преку апликации кои овозможуваат пристап до терминал, односно командна линија, како што се PowerShell, Command Prompt и било кои други.

Microsoft се’ уште официјално ја нема најавено оваа новина, па до истата доаѓаат од Windows Latest кои истакнуваат дека е случајно пуштена во тест верзиите од Windows 11, а е дел од Windows Server тест верзиите.

Sudo како команда ќе може да се вклучи преку системските прилагодувања за програмерите во Windows 11, а засега не е познато кога може официјално да се очекува.

ИЗВОРWindows Latest
Претходна статијаiPad на преклоп сега се најавува за 2026-2027 кој може да го замени iPad mini во понудата
Следна статијаMozilla и Google не се среќни што Apple го отвори iOS за различни технологии за прелистувачи само во ЕУ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.