Делот со „виџети“ во Windows 11 е доста корисен и е нешто што требаше одамна да го има и во Windows 10. Сепак, една маана на овој дел е форсирањето на Microsoft да мора да се гледа листата со вести од нивниот Bing сервис.

Во најновата тест верзија од Windows 11, поточно верзијата 25324 од Canary каналот, донесува делумно издвојување на „виџетите“ со листата со вести. Ова ќе биде постигнато со додавање на трет ред на колони, а виџетите ќе се прикажуваат во првиот.

Со ова вестите уште повеќе ќе се гледаат, па јасно е дека Microsoft не се откажува од идејата да го наметне овој дел на корисниците.

Без разлика на ова, малиот редизајн на делот со виџети сепак вака изгледа нешто подобро, а тоа посебно ќе важи кога ќе има повеќе виџети од трети страни, а не само од Microsoft.

Дополнително, со оваа верзија од Windows 11, иконата која е поставена на долната лента, односно „таскбарот“, преку која се вклучуваат виџетите, сега добива нова анимација. Истата се активира при притискање, поминување врз неа или кога има некое ново известување од некој од виџетите.

Canary каналот во Windows Insider програмата е нов канал кој Microsoft го претстави на почетокот од месецот. Некои веруваат дека ова го означува почетокот на развојот на Windows 12, а се претпоставува дека од компанијата се враќаат на тригодишниот циклус во претставувањето на нови верзии од Windows.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMicrosoft Teams добива нова верзија која е побрза, поефикасна и ја интегрира вештачката интелигенција
Следна статијаApple ја пушти iOS 16.4 надградбата која донесува изолирање на гласот на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.