Со најновата бета верзија од Windows 11, поточно Build 22624.1610, Microsoft претстави нови API алатки со кои програмерите на апликациите ќе можат да пристапат до сензорот за присутност. Како што кажува и самото име, овој сензор детектира дали корисникот е до компјутерот или не, а секако не е достапен на сите компјутери.

Со пристапот до овој сензор апликациите ќе можат да овозможат одредени функции, како што моментално Microsoft може да го вклучи екранот кога корисникот ќе се приближи до компјутерот или да го исклучи кога ќе се оддалечи.

Од компанијата истакнуваат дека овој сензор никогаш не чува слики или други податоци од корисникот, а се што се прави е локално и никогаш не се користи сервер.

Во оваа верзија од Windows 11 додаден е и нов дел во Settings > Privacy & security од каде корисниците ќе можат да ја вклучуваат и исклучуваат оваа функцијата, како и да изберат кои апликации имаат пристап до истата.

Додавањето на оваа нова можност исто така покажува дека се додава пристапот за апликациите, па може во периодот што следи да се очекуваат и некои од апликациите да го искористат.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаAmazon Prime Video доби функција која треба подобро да го истакне дијалогот во филмовите
Следна статијаПознатата компанија зад Proton Mail претстави нов производ – менаџер на лозинки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.