Во тест верзиите од Windows 11 Microsoft тестира една доста интересна функција која е наменета во главно за „гејмерите“. Овие корисници често користат уреди кои доаѓаат со вградени RGB сијалички, како на пример глувчиња, тастатури и други уреди.

За контрола на сијаличките обично се користи посебен софтвер од производителот, а меѓу најпознатите секако се Razer, Corsair, Logitech и други. Со новата функција во Windows 11, корисниците нема да има потреба да го инсталираат овој софтвер, а можноста за контрола на уредите ќе биде вградена во самиот оперативен систем.

Функцијата, која треба посебно да се активира во тест верзиите и не е официјално најавена, е забележана од Albacore Twitter корисникот и е наречена Windows Lightning. Истата ќе биде додадена во Personalization делот од Settings.

За почеток се гледа дека ќе бидат достапни прилагодувања за јачината на светлото, ефектите, бојата, а ќе може дури да се поврзе со моментално избраните бои на Windows 11.

Се очекува дека во иднина ќе бидат додадени можност како поврзување со известувањата на компјутерот, менување на бојата зависно од тоа дали микрофонот е исклучен, како и интеграција со Microsoft Teams.

Можноста за контрола на ваквите уреди сепак останува како избор на производителите, па ќе видиме дали повеќето од нив ќе сакаат корисниците да продолжат да го користат нивниот софтвер или ќе овозможат поддршка за Windows Lightning.

Со оглед на тоа што тестирањето моментално се прави во верзиите од Windows 11 за програмерите, не е познато кога и дали воопшто може да се очекува оваа новина. Новините кои ќе бидат задржани, може да се очекуваат до крајот на годината.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДали Google избрза и предвремено го претстави конкурентот на ChatGPT, Bard
Следна статијаЧетири европски оператори стануваат сериозна конкуренција на Google и Meta во дигиталниот маркетинг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.