Изминатиот период од повеќе места наидов на верзија од Windows 11 која наводно е посебно прилагодена од страна на Microsoft за владините корисници. Оваа верзија очекувано доаѓа без „следењето“ на активностите на корисникот од страна на Microsoft, а тука влегува и достапноста на Windows Defender.

Оваа верзија од Windows исто така не ги вклучува повеќето апликации од Microsoft, а посебно е интересно што го нема ни Microsoft Edge.

Сепак излезе дека Windows 11 G верзијата не е официјална верзија од Microsoft, па треба да се внимава, односно најдобро е да не се инсталира. За корисниците кои сакаат „полесна“ верзија од Windows 11, доста подобра е Tiny11 верзијата, иако и за оваа може да се каже дека не е целосно безбедна.

Колку и да ги критикуваме големите компании за следење на своите корисници, не се добива ништо доколку се инсталира верзија од систем од непроверена трета страна.

Како и да е, ваквите верзии се доказ колку од корисниците би сакале да користат поедноставна верзија од Windows, без сите апликации и функции кои Microsoft упорно ги додава.

Дел од корисниците се префрлуваат на Linux, но не сите го имаат познавањето и желбата потребни за една ваква промена.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаBlackmagic Design ја пушти својата апликација за камера за корисниците на Android
Следна статијаПовеќе реклами може да се очекуваат во Windows 11 и апликациите од Microsoft
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.