Фото: Shutterstock.com

Windows конечно добива вградена поддршка за „rar“ датотеки, како што веќе одамна има за „zip“. Вградената поддршка значи дека корисниците нема да имаат потреба да бараат и инсталираат апликации само за да неколку пати во годината отворат некоја датотеки која им е испратена во rar форматот.

Покрај за rar, Windows 11 добива и поддршка за tar, 7-zip, gz и други датотеки додадени со соработка со Libararchive проектот со отворен код.

Работата со овие датотеки исто така ќе стане доста подобра, односно перформансите ќе биде подобри во споредба со користење на трети апликации.

Оваа новина беше најавена во рамките на Microsoft Build 2023 конференцијата, на која меѓу другото, беше најавена интеграцијата на Bing Chat во Windows 11.

За сите овие најавени новини нема точна дата кога може да се очекуваат, но веруваме дека сите ќе бидат дел од годинешната поголема надградба на Windows 11, која ќе биде пуштена во есен.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаAmazon Prime Video со критика кон Netflix за забраната за споделување на сметката со други корисници
Следна статијаGoogle Chrome доби нов начин за полесна промена на изгледот на десктоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.