Како се ближи летото, кога завршува рокот кој го имаат корисниците на некоја од постарите верзии на Windows бесплатно да направат надградба на 10-ката, очекувано Microsoft ќе ја засили промоцијата на овој оперативен систем.

Од компанијата претставија 4 нови видео реклами коишто се насочени кон покажување на предностите коишто ги имаат PC-јата кои работат на Windows 10 во однос на Mac компјутерите.

Сите видеа се дел од една „приказна“ која се врти околу работата на неколку девојки кои работат со бубачки, кратко кажано. Едната од девојките користи Windows 10 PC, а другата Mac. Извршувајќи ги своите работни активности, девојката којашто го користи Windows 10 компјутерот ги истакнува неговите предности, додека нели очекувано другата е разочарана зошто нејзиниот Mac не може да ги направи истите работи.

Она што се истакнува преку рекламите е достапноста на лаптопи со екран на допир кај Windows 10, можноста за користење на Cortana за завршување на одредени задачи, најавување со Windows Hello и слично.

Во продолжение можете да ги погледнете рекламите и да оцените дали Windows 10 навистина барем во овие области е подобар од OS X.

Претходна статија5-та димензија би можела да значи поништување на Теоријата на релативитет
Следна статијаAndroid N нема да има листа со апликации исто како во iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.