1477931100_windows-10-creators-update-insider-preview-pc-05_story

Microsoft не престанува да донесува промени во Windows 10. И покрај тоа што тие моментално ја паузираа Insider програмата, односно за тие корисници нема да има надградби „некое време“, тие ветија целосно различен начин на надградување на Windows 10, кои ќе бидат побрзи и ќе одземаат помалку простор.

Идејата е прилично едноставна. Овие надградби се наречени „делта“ и се дел од “Unified Update Platform” и тие ги содржат само кодовите кои се променети во однос на актуелната верзија на корисникот Досега, надградбите содржеа и „непотребни“ кодови од верзијата која ја има инсталирано корисникот.

На овој начин, симнувањето на надградбата од интернет ќе биде многу пократко – според Microsoft датотеките ќе бидат 35% помали. Исто така, ова значи дека и самите уреди ќе ги вршат надградбите побрзо и ќе трошат многу помалку процесорска моќ за да ги завршат истите задачи.

Најголемите подобрувања ќе ги поочувствуваат корисниците на Windows 10 Mobile, бидејќи поголемиот дел од надградбата ќе ја прави серверот, а не процесорот во телефонот. На овој начин, корисниците на Windows 10 Mobile ќе можат и лесно да го надградат својот телефон на последната верзија дури и ако се неколку верзии назад, без да има потреба да инсталираат неколку верзии измеѓу.

Првите надградби од “Unified Update Platform” ќе пристигнат за корисниците на компјутерите како дел од Insider програмата. Потоа, ваквите надградби ќе бидат достапни и за Windows 10 Mobile Insider корисниците и на крај како официјални надградби за Windows 10 на сите уреди.

Извор: PC World, Neowin, Thurrott

Претходна статијаБесплатно предавање „Startup By Design“ во Сеавус Инкубатор
Следна статијаRovio го претстави Hatch – револуционерен сервис за мобилни видео игри