После големиот неуспех на Windows 8 и 8.1, Microsoft се врати со 10-ката, која полека, но сигурно се качува до очекуваната бројка од „1 милијарда“ уреди, нешто што Microsoft го најави уште на почетокот. Сега, тие се пофалија дека Windows 10 стигнал до 600 милиони уреди, што секако не е бројка за потценување, но ако добро се потсетиме, тие треба до 2018 година да стигнат до 1 милијарда уреди.

Како и да е, Windows 10 е супер успешен оперативен систем, кој таа бројка ја достигна благодарение на тоа што е инсталиран на десктоп и лаптоп, односно лаптоп/таблет компјутери, Xbox One конзоли, HoloLens очила за изменета реалност, таблети и смартфони и дури и Internet od Things (IoT) уреди. Сепак, единствените уреди кои не успеаја со Windows 10 се смартфоните и веројатно поради нив Microsoft не успеа да ја достигне очекуваната бројка од 1 милијарда уреди.

Во иднина, сѐ уште е нејасно дали Microsoft ќе остане на првичниот план Windows 10 да го има на 1 милијарда уреди, особено што продажбата и користењето на носачите на оваа бројка, десктоп и лаптоп компјутерите, продолжува да опаѓа, на сметка на смартфоните, каде Microsoft веќе не се натпреварува. Од друга страна, тие се една од водечките компании на полето на изменетата и виртуелната реалност, што би можело да им донесе многу нови корисници наредниве неколку години.

Извор: The Verge, Windows Central, ARS Technica

Претходна статијаПознати првите информации за Snapdragon 845
Следна статијаSamsung почна со производство на втората генерација на 10 nm чипови