Microsoft пушта по две нови верзии од Windows 10 секоја година, иако тие изминатите неколку години не донесоа некои посебни новини. Затоа оваа година се најавува првата поголема надградба после подолго време, па ќе видиме што таа ќе донесе во есен, за кога се очекува.

Секоја верзија од Windows 10 има поддршка од Microsoft во следните 18 месеци, односно 30 за Enterprise верзиите. Потоа корисниците се препорачува да ја инсталираат најновата верзија или барем наредната која се’ уште има поддршка.

Иако од Microsoft сакаат корисниците да ја користат најновата достапна верзија од Windows 10, сепак поради не ретката појава на проблеми при надградбата кај одреден број на уреди, тие не ги „наметнуваат“ надградбите да мора да се инсталираат. Тоа значи дека доколку некој сака да ја инсталира најновата верзија од Windows 10, тоа ќе мора да го направи со проверка за нови верзии и притискање на посебното копче кое е издвоено од безбедносните надградби.

Доколку корисниците сами не проверат за надградби, Microsoft нема да им ја понуди најновата верзија. Исто така треба да се земе во предвид дека голем дел од корисниците ја користат можноста за одложување на надградбата.

Microsoft дури сега ги означи нивните две претпоследни верзии како спремни за масовно пуштање, па верзиите 1909 и 2004 сега ќе им бидат почесто нудени на корисниците кои користат постара верзија.

Најновата верзија од Windows 10 е 20H2, но таа сепак уште не им се нуди на корисниците, покрај на тие кои самите сакаат да проверат за достапни нови верзии, а исто така таа може да се инсталира со алатката која е достапна на страната на компанијата.

Поддршката на Windows 10 1909 истекува наскоро, па чудно е зошто оваа верзија од компанијата сега би ја додавале во категоријата на спремни, но можеби тоа повеќе се однесува на бизнис корисниците.

Како и да е, препорачуваме да како корисник секогаш сте на најновата верзија од оперативните системи кои ги користите.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаЗапочна со реализација Еразмус + проектот: „GREENOVET – Европска платформа за извонредност во стручното образование и обука за зелени иновации“
Следна статијаПолесно и поефикасно перење и сушење алишта со најнапредните Samsung паметни машини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.