Заедно со iOS 16 во текот на вечерта вчера, Apple ја пушти и финалната верзија од нивниот оперативен систем за паметните часовници, односно watchOS 9. Оваа нова верзија од watchOS донесува доста повеќе од Apple Watch Series 8, па наша препорака е само да го ажурирате вашиот часовник, доколку го имате ланскиот модел и да го оставите купувањето на нов за идната година, освен ако не се решите за Apple Watch Ultra, конкурентот на Garmin.

Иако watchOS 9 не донесува некоја драстична промена кај корисничкиот интерфејс, сепак донесува листа на новини кои го прават доволно добра надградба. Кои се главните новини кај watchOS 9 можете да прочитате во продолжение.

Нови „Watch Faces“

watchOS 9 доаѓа со четири нови „лица за часовникот“ кои го освежуваат изборот, а според нас, лицата направени од Apple обично се доста подобри од останатите. Новите лица ги вклучуваат Lunar, Playtime, Metropolitan и Astronomy. Веќе достапните Portraits и Modular добиваат одредени подобрувања, како можност за додавање на позадина во боја и слично.

Новото поврзување со Focus режимот овозможува да со изборот на одреден Focus на iPhone, автоматски се промени лицето кое се користи на Apple Watch.

Подобрувања кај мерењата при вежбање

Apple Watch уште може да се каже дека до некаде заостанува зад некои од конкурентите кога е во прашање мерењето на вежбањето, но сепак со watchOS 9 работите одат во доста подобар правец.

Корисниците сега имаат можност за мерење на повеќе елементи, додадени се Hart Rate Zones за добивање на подобра претстава на интензитетот на вежбањето, додадени е и можноста за креирање на посебно вежбање од страна на корисникот и слично.

Мерење на фазите на спиење

Со Apple Watch сега се добива подетален резултат за спиењето, наместо само колку часови се поминати. Корисниците преку часовникот, како и преку iPhone, ќе можат да ги видат нивните фази од спиењето, односно колку време биле будни, колку време поминале во REM фаза, како и колку време е поминато во основно и длабоко спиење.

Од наше искуство не секогаш овие мерки се баш точни, но може да се одбие сепак некаква претстава за квалитетот на спиење, па доколку не се чувствувате често одморени како што треба, со Apple Watch сега може да се дојде и до одговорот зошто.

Дел од другите новини кои доаѓаат со watchOS 9 вклучуваат и нова Compаs апликација со Waypoints функцијата која беше најавена со новите часовници, AFib историја во земјите каде е поддржана ECG функцијата, можност за следење на лекарствата, нови можности во делот за следење на месечниот циклус кај жените и повеќе.

Претходна статијаСојуз на средношколци: Учениците повторно беа пречекани од добро познатиот проблем со недостаток на учебници
Следна статијаGoogle се откажува од развојот на лаптоп компјутери кои и така со години ги нема ажурирано
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.