Како што очекувавме, вчерашната главна презентација на почетокот од WWDC 2023 конференцијата беше одлична и во главно ги потврди сите неофицијални информации поврзани со Apple екосистемот.

watchOS 10 беше една од поважните презентации и како што беше најавено, оваа верзија од системот за паметните часовници од Apple, ги донесе најголемите промени уште од претставувањето.

Главната новина кај watchOS 10 е додавањето на „виџети“, нешто што интересно беше достапно на почетокот. Корисниците со оваа новина веќе нема да мора да бираат „лица“ од часовниците кои овозможуваат поставување на што повеќе информации, па до своите мали картички со информации ќе можат да дојдат со повлекување нагоре на „круната“ од страна.

Виџетите се дизајнирани во сличен стил со Siri часовникот кој е моментално достапен, со таа разлика што тука корисниците ќе имаат можност да ги изберат своите виџети.

Прикажувањето на виџетите исто така ќе биде автоматско, како на „stack“ виџетите на iPhone и iPad, па покрај избраните виџети, ќе се прикажуваат виџети зависно од ситуацијата. На пример, доколку корисникот има состанок, на прво место ќе му биде прикажан виџетот од календарот или доколку има активен „тајмер“, тој ќе биде исто така поставен на првата позиција.

watchOS 10 исто така донесува и нов дизајн стил на апликациите. Прво, редизајнирани се до некаде апликациите од Apple како Weather, Home, Maps, Messages, Activity и слични, а стилот ќе можат да почнат да го користат и другите програмери.

Apple посебно внимание посвети на додавањето на нови функции и можности за велосипедистите кои сега ќе можат да поврзат надворешни уреди за мерење на брзината, на пример. Тука е и прикажувањето на Live Activity делот на iPhone кога е вклучена активност за велосипеди, а со притискање на ова известување, информации ќе бидат прикажани на целиот екран.

Корисниците ќе можат да го внесуваат своето расположение во текот на денот и да го следат преку Health апликацијата. Ова е уште една новина која беше неофицијално најавена, па слободно можеме да кажеме дека нема нешто што беше претставено, а не беше очекувано.

Новините поврзани со watchOS 10 можете да ги погледнете детално на страната од Apple тука.

ИЗВОРApple
Претходна статијаiOS 17 донесува новини кај неколку од апликациите на iPhone, како и новите Journal апликација и StandBy режим
Следна статијаiPadOS 17 година дена подоцна ги донесува новите можности на „заклучениот екран“ од iPhone, како и Health апликацијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.