Android не остана без интеграција со вештачката интелигенција на Google I/O конференција и тоа е нешто што беше целосно очекувано, а посебно по најавата на новата верзија на Bard и Google Search.

Google презентира неколку делови од Android кои ќе бидат помогнати од ВИ, како што е пишувањето пораки, прилагодувањето на позадината, како и на екранот додека е заклучен уредот.

Messages од Google апликацијата добива интеграција со вештачката интелигенција и со тоа ќе може да помогне во пишувањето на пораките. Корисниците ќе можат да добиваат предлози за одговор на одредени пораки, а ќе се бира и стилот на одговор. Ова треба да ги направи пораките покреативни, а и корисниците подобро да се изразуваат.

Поинтересниот дел од интеграцијата со ВИ која ја добива Android е кај прилагодувањата на изгледот на уредот. Со Android 14, кога ќе дојде интеграцијата за корисниците, изборот на часовници и позадини на „заклучениот екран“ ќе биде доста поголем.

Тоа што е посебно интересно е можноста да се генерира позадина врз основа на предлози кои ќе ги истакне корисникот со помош на вештачката интелигенција. Барањето по интернет за добри позадини на овој начин ќе стане непотребно, а секој ќе може да има своја уникатна позадина.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаTwitter доби шифрирани директни разговори, но само за верификуваните корисници
Следна статијаЕлон Маск најави нов директор на Twitter кој ќе дојде на позицијата за околу шест недели
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.