decline-windows-10

Како што беше најавено, Microsoft издаде надградба за постарите верзии од Windows која ги трга сите претходни надградби поврзани со Windows 10, како и главната Get Windows 10 апликација.

Get Windows 10 беше една од стратегиите на Microsoft да ги „мотивира“ корисниците да ја прифатат понудата за бесплатна надградба која истече на 29-ти јули. Сепак, начинот на којшто тоа го правеше предизвика повеќе критики поради наметнувањето на апликацијата и нејзината споредба на крај со малициозен софтвер.

KB3184143 е надградбата која е издадена за корисниците на Windows 7 и Windows 8.1 која треба да ги тргне сите претходни надградби поврзани со Get Windows 10 апликацијата. Тоа значи дека корисниците ќе можат да продолжат да ги користат своите компјутери без „страв“ од досадната апликација.

Инаку, Get Windows 10 апликација помина низ неколку фази каде што на корисниците им овозможуваше да ја одбијат понудата, но и кога тоа не беше баш лесно да се направи. Познат беше и случајот на добиената тужба од една корисничка која имала проблеми со инсталацијата на Windows 10, инсталација која се направила без нејзино точно одобрување.

Извор: gHacks

Претходна статијаHTC ги претстави Desire 10 Pro и Desire 10 Lifestyle телефоните од средната класа
Следна статијаmacOS Sierra достапен за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.