Програмерот NTDev, направи „намалена“ верзија од Windows 11 која функционира со многу помалку ресурси, па поради тоа може да се користи на компјутери со послаби карактеристики.

Tiny11, како што е наречена оваа неофицијална верзија од Windows 11, може да функционира со само 2GB RAM, а просторот којшто е потребен е 8GB. Windows 11 бара барем 20GB простор за нормално функционирање.

Ова е постигнато со тргање, односно бришење на голем број од апликациите кои доаѓаат со Windows 11, како и со тргање на одредени функции. Сепак, тоа не значи дека Tiny11 нема се што му е потребно, а секако корисниците можат да си инсталираат тоа што им фали.

Tiny11 е направен на основа на Windows 11 Pro 22H2, што значи се работи за најновата надградба од системот.

Иако е интересно да се види што може да се направи од страна на програмерите, сепак не се препорачува да се користи ваква верзија. Истата е неофицијална, што значи дека нема поддршка и надградби од страна на Microsoft, а исто така, не се знае точно кои се сервиси се исклучени кои може да направат проблем со безбедноста, на пример.

Во видеото во продолжение, NTDev објаснува како е направен Tiny11 и кои се неговите карактеристики, а достапен е и линкот за инсталација на системот.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2PCGamer
Претходна статијаAndroid 14 ќе донесе подобрување на функционирањето на продавниците за апликации од трети страни
Следна статијаTuneIn Explorer е како Google Maps за онлајн радио станици
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.