После неколку години без некои посебни новости, веќе неколку пати можеме да прочитаме дека идната година ќе биде годината на Windows 10. На тоа се надевавме и по ставањето на Windows развојот под Панос Панај, кој ја води успешната Surface линија во Microsoft.

Според досегашните информации, Windows 10 идната година ќе добие една поголема надградба во есен, а во пролет истата ќе биде помала, како што беше во есен изминатите две години. Надградбата која ќе стане достапна во есен треба да донесе досега најмногу новини кај овој оперативен систем, а се најавува промена во Старт менито, таскбарот, како и унифицирање на Fluent корисничкиот интерфејс кај повеќе апликации и делови од системот.

Сепак е уште рано за да може да се добие подобра претстава за што може да се очекува, па остануваме само на овие најави од луѓе кои имаат извори на информации.

Една од поинтересните информации за надградбата за идната есен е таа која кажува дека Microsoft може да се реши да воведе поддршка за инсталација на Android апликации преку Microsoft Store.

Нема повеќе информации за тоа како ова би го извеле од Microsoft, што би значело за корисниците кои имаат купено апликации преку Play Store и слично.

Како и да е, воведувањето на поддршка за Android апликации на Windows 10 би направило огромна разлика, а посебно за корисниците на хибридни Windows уреди, со екрани на допир.

До крајот на годината се очекува Microsoft да ја пушти верзијата за производителите на уреди од Windows 10X, по што ќе може да се очекуваат првите уреди до пролет. Првите уреди ќе бидат лаптоп компјутери од пониската класа, односно конкуренти на Chromebook, а до крајот на идната година може да се очекуваат и уредите со двоен екран од повисоката класа.

Иако уште има само мали и неофицијални најави, сепак може да очекуваме поголема година за Windows 10.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаСајбер-безбедност, ризици и заштита – низа бесплатни вебинари, организирани од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT
Следна статијаВо Германија ќе се тестираат водородни возови кои треба да ги заменат тие на дизел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.