Во четврток Microsoft ќе ја претстави наредната верзија од Windows, како што ја најавуваат од компанијата. Се шпекулираше дека Windows нема да продолжи да ја носи верзијата 10, па дека треба да го очекуваме претставувањето на Windows 11.

Појавувањето на интернет на недовршена и неофицијална верзија го потврди ова, односно веќе го видовме Windows 11. За среќа, верзијата која „протече“ на интернет не изгледа довршена, па на настанот оваа недела можеме да очекуваме дополнителни информации и по уште некоја новина и изненадување.

Една од работите која привлече внимание од протечената верзија на Windows 11 беа позадините кои изгледаа одлично и во различен стил од тоа што досега беше достапно од Microsoft.

Позадините, кои се извадени од протечената верзија и официјалните папки каде што се чуваат, можете да ги симнете преку следниот линк.

Во четврток со почеток во 17:00 часот по македонско време вклучете се на настанот во живо каде ќе биде презентирано се за Windows 11.

Претходна статијаДарувај крв и придонеси светот да продолжи да се движи
Следна статија1&1 Drillisch го прифати договорот за роаминг на Telefonica Deutschland
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.