Samsung официјално го претстави својот One UI 5, поточно измената која ја прават на Android оперативниот систем, а во овој случај на Android 13. Корисниците добиваат добра листа на новости, па покрај тие кои се карактеристични за Android 13, Samsung има додадено и интересни нивни новини.

Први кои ќе ја добијат надградбата на One UI 5 се корисниците на Galaxy S22 серијата, кои можат да ја очекуваат во неделите што следат, најверојатно до крајот на месецот. Останатите ќе бидат приклучени на овој процес постепено од идниот месец, па до крајот на годината.

One UI 5 до сега беше достапен во бета верзија во ограничен број на земји, па со оваа најава Samsung го најавува крајот на тестирањето.

Една од главните новини кај One UI 5 е поврзана со активностите на корисникот во текот на денот, како станување од спиење, работа, вежбање, спиење и слично, а со помош на Routines телефонот ќе може автоматски да започнува серија на активности.

Уште една функција поврзан со овој дел е Modes и истата овозможува поставување на одредени прилагодувања зависно од што е тоа што го прави корисникот, па на пример корисникот може да намести Sleep Mode кој кога ќе биде вклучен ќе ги исклучи известувањата, ќе ја вклучи темната тема и слично.

One UI 5 донесува подобрувања кај „заклучениот екран“ кој ќе може да се прилагодува со поголем избор од позадини кои ќе може и автоматски да се менуваат, а корисниците ќе можат да постават и кратко видео наместо слика. Промени може да се прават и кај часовникот, како и известувањата.

Одличната можност за поставување на повеќе „виџети“ еден врз друг во таканаречен „Stack“, сега добива нова можност за автоматско додавање на виџети врз основа на предлози од Samsung. Предлозите ќе бидат направени врз основа на активностите на корисникот, па ќе предложуваат одредени апликации, правење одредени повици, вклучување одредени режими и слично.

Уште една интересна функција станува дел од One UI 5, која сепак нема да може да се користи на македонски. Истата е наречена Bixby Text Call и функционира на начин што на корисниците им овозможува да одговорат на повик со пишување на текст. Овој текст ќе биде прочитан на повикувачот, а тоа што тој ќе го каже исто така може да биде претворено во текст.

Bixby Text Call е функција која е замислена да се користи во ситуации кога корисникот не може да разговара, како на пример за време на некој концерт или во било која друга гласна ситуација.

Сите новини кои ги претстави Samsung можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаМладинска мобилност: Искуството нема цена, а дружбатa останува за цел живот
Следна статијаSamsung го претставува развојот на платформата SmartThings и воведува нови кориснички искуства на конференцијата SDC22
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.