Скопје, 2 ноември 2023 г. – Samsung Electronics глобално ја воведе Привремената резервна копија во облак, која е безбеден и лесен начин за зачувување и пренос на важни податоци. Во ситуации кога корисниците на Samsung Galaxy ќе се вознемират заради губење на нивните податоци, вклучувајќи фотографии, видео записи и приватни датотеки, оваа функција обезбедува удобност и сигурност. Ја нагласува постојаната посветеност на Samsung за обезбедување моќни, поврзани искуства, кои помагаат да им се олесни животот на корисниците.

„Привремената резервна копија во облак обезбедува сигурен и удобен начин за корисниците да направат резервна копија и да обновуваат важни информации“, рече Чијонг Сео, потпретседател и раководител на тимот за облак, Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Целта на ова надградено искуство со префрлување базирано на Samsung Cloud е корисниците на Samsung Galaxy да бидат мирни дека нивните драгоцени податоци нема да се изгубат благодарение на поврзаната моќ на екосистемот на Galaxy.

Корисниците можат да изберат да ги прикачат своите податоци во складиштето на Samsung Cloud преку нивната сметка на Samsung, каде што ќе се чуваат безбедно и ќе бидат подготвени за повторно преземање. Тоа е бесплатна услуга, без вкупно ограничување за складирање, но големината на индивидуалните датотеки е ограничена на 100 GB. Нема потреба да користите компјутер или некој надворешен мемориски уред, но потребен е Wi-Fi за пренос на податоци.

Податоците се чуваат до 30 дена од датумот на првичната резервна копија на корисникот. Во овој период, корисникот ќе може да ги обнови своите податоци кога и да посака. Корисниците се известуваат кога нивното временско ограничување се ближи, пред нивните податоци да бидат автоматски избришани.

Една грижа помалку за време на поправки или замени

Привремената резервна копија во облак е идеална услуга за зачувување на податоци во различни сценарија, кога корисниците може да се загрижат дека ќе ги загубат своите податоци, како на пример при поправка на паметниот телефон. Samsung сега ја вклучува Привремената резервна копија во облак како дел од режимот Maintenance Mode, со кој се гарантира безбедно правење резервни копии на личните податоци на уредот, вклучувајќи ги и приватните датотеки во Безбедната папка, и обновување по поправките.

Оваа функција, исто така, ќе им помогне на корисниците на Samsung Galaxy полесно да ги надградат своите уреди, без стрес заради менувањето на уредите. За оние кои се подготвуваат нивниот нов уред да дојде во предпродажба, Привремената резервна копија во облак обезбедува сигурен и едноставен начин за пренос на нивните податоци. Корисниците можат со сигурност да направат резервна копија на нивните податоци пред да извршат целосно ресетирање на нивниот стар уред, знаејќи дека е лесно да ги обноват тие податоци во секое време.

Корисниците кои го конфигурираат својот нов уред за прв пат можат да ги вратат своите податоци како дел од Setup Wizard. Дури и ако ја прескокнат оваа фаза, тие можат да најдат Привремена резервна копија во облак во секое време во режимот на одржување или со функцијата за ресетирање, овозможувајќи бесплатно и лесно обновување кога ним им одговара.

Привремената резервна копија во облак е најновата функција што се додава на Samsung Cloud, со што се намалуваат ризиците од губење на податоците кај корисниците со изгубени, украдени или скршени уреди на Samsung Galaxy. Тоа е безбедно, лесно и беспрекорно искуство за правење резервна копија и враќање на податоците на уредите на Galaxy, заштитено со двофакторна автентикација на сметката на Samsung, така што корисниците можат да бидат сигурни дека прикачувањето и обновувањето на нивните податоци е безбедно. Привремената резервна копија во облак е само еден од тековните напори за оптимизирање и подобрување на мобилното искуство за корисниците низ екосистемот на Galaxy.

Опцијата за Привремена резервна копија е достапна на сите паметни телефони и таблети на Samsung Galaxy кои работат на One UI 6.

Претходна статијаМакедонската Инфините Солутионс слави 20 години од постоењето со настан Дигитална Трансформација со Microsoft деловни Решенија и Вештачка Интелиегенција
Следна статијаПокрај редизајн Apple Watch идната година ќе добие и нови здравствени функции