Puffin Browser е интернет прелистувач достапен на Android кој се издвојува од другите по тоа што своите функции ги овозможува преку облакот, односно преку серверите од компанија која го развива. Тоа му овозможува на овој прелистувач побрзо отворање на страните без разлика на класата на телефонот, како и можност за отворање на Flash страни, иако тоа веќе не е нешто привлечно за корисниците.

Оваа компанија сега го најави својот нов проект кој повторно се „потпира“ на облакот за својата работа. Се работи за оперативен систем за мобилните телефони наречен Puffin OS.

Овој оперативен систем е направен на основа на Android, меѓутоа неговата работа во главно ќе се одвива на серверите од компанијата, односно како што популарно се нарекува изминатите години, во облакот.

Тоа значи дека оперативниот систем ќе биде доста едноставен, „лесен“ и наменет да работи на уредите кои имаат многу послаби карактеристики, односно како што истакнуваат од компанијата, на уредите кои чинат под 100 долари.

Покрај тоа што програмерите ќе може да развиваат апликации специјално за системот, акцентот од страна на компанијата се става и на користењето на веб апликациите, односно PWA. Овие апликации веќе се достапни од одредени веб страни и функционираат скоро исто како обичните апликации, со тоа што тие се во основа веб страни и процесирачката моќ во главно е на страната на серверот.

Ова не е првиот оперативен систем којшто се обидува да направи нешто вакво. Mozilla со својот Firefox OS сакаше да направи нешто слично, меѓутоа тие го откажаа развојот на овој систем, по што беше направен верзија за „обичните“ телефони на основа на него.

ИЗВОРPuffin
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статија„По трагата на сеќавањето“ – нова НФ серија на Pickbox NOW
Следна статијаЗаштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.