f5f218a4-918b-4f18-9a11-7cdb47f145b7_5

Microsoft официјално го објави развојот на посебен прелистувач кој што моментално има само кодно име и е наречен Project Spartan, на крајот од Јануари оваа година на Windows 10 настанот. До тогаш шпекулиран, прелистувачот ќе биде развиван како целосно нов, односно не претставува нова верзија од Internet Explorer. Постариот прелистувач ќе остане достапен за корисниците на кои што им е потребен во нивната работа, а Spartan треба да ги стигне останатите модерни прелистувачи.

На MWC 2015 настанот претставник од компанијата, поточно Kevin Gallo, кој што е задолжен за развојот на универзалните апликации, потврди дека корисниците ќе можат да го пробаат новиот прелистувач од наредната верзија на Windows 10 Technical Preview.

Кога поточно ќе биде пуштена наредната верзија од оперативниот систем не е дадено како информација, меѓутоа според изворите на The Verge, тоа би требало да биде до крајот на овој месец, а можеби и порано.

Новиот прелистувач треба успешно да конкурира со другите модерни прелистувачи. Ослободен од оптоварувањето на потребата за компатибилност со постарите веб стандарди, Spartan ќе биде многу поедноставен и лесен и наменет за новите веб страни. Покрај тоа најавени се и неколку дополнителни вградени функции како што е споделување на содржината, цртање на самата веб страна и слично.

Една од поважните работи која што се очекува од Spartan е поддршката на модерните додатоци кои што го направија Firefox она што е денес, а исто така масовно се користат и од Chrome.

Извор: The Verge

Претходна статијаНедела во знакот на MWC 2015
Следна статијаGoogle ги потврди плановите да стане виртуелен мобилен оператор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.